Стартот на месец декември го најавува почетокот на празничниот период и украсувањето во домовите. Се вади складираната елка, лампиони, гиланди,светилки и слични декоративни украси кои ја создаваат магијата.
Секоја година поголем број од познатите сакаат да откријат што се случува, односно како се подгорвува и изгледа амбиентот зад четири ѕида од нивниот приватен рај.
Годинава меѓу првите е Сузана Гавазова која по традизија украсувањето им го препушта на своите наследнички, ќерките Селена и Емили.
Откако го споија големото новогодишно дрво, се започна со редењето на лампионите во разни бои.
Колоритот е изборот за пречекот на Новата 2024 година, а малите убавици полни со ентузијазам се трудеа тоа да го направат на најдобар начин. Резултатот одличен!
Секоја од нив сигурно доби пофалба од мама и тато,а на крајот останува ужуивањето во амбиентот и позитивната празнична енергија.
фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova