Живот и Стил

Правило на три бои: Како да го украсите дома во духот на празниците

Правило на три бои: Како да го украсите дома во духот на празниците

Речиси секој човек во светот ужива во прекрасните празнични декорации во градовите, а многумина би сакале сличната атмосфера да ја пренесат и во својот дом.

На што треба да внимавате во таков случај?

Било да се работи за новогодишни декорации, за слава, роденден или пак, за ручек, правилото е она стандардното – дека помалку е повеќе.

Почитувајте го и правилото на три бои. Една да биде основна, а другите две да се надополнуваат една со друга преку избраните детали.

На пример, во празничните декорации застапени се златната, црвената и белата боја или пак, темно зелената. Комбинирајте ги на начин што понеутралните бои ќе бидат основни, а интензивните ќе бидат застапени во деталите.

Слично, на пример, можете да изберете бела основа и виолетови и сребрени детали или пак, тегет сина основа со златни и бели детали. Секогаш можете да додадете и некои ситници, како што се бисери, суво лисје или школки, а и во тие случаи треба да ги усогласите боите.

Некогаш ефектот можете да го постигнете со две спротивни бои, една неутрална и една интензивна или пак, со различни нијанси на иста боја, што исто така е доста впечатливо, ако правилно се направи.

извор:локално.мк

To top