Радио Милева семејството се проширува

Познатите милијардери ќе станат баба и дедо: Бил Гејтс го чека првото внуче од ќерка (фото)

Познатите милијардери ќе станат баба и дедо: Бил Гејтс го чека првото внуче од ќерка (фото)

Бил Гејтс и сопругата Мелинда ќе станат баба и дедо за првоат. Џенифер Гејтс (26) ја објави среќната вест на „Денот на благодарноста“ со прекрасна фотографија на Инстаграм.

Џенифер го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.

Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година. Како што изјави за „Вог“, било тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Прославата траеше два дена, ја организираше експертот за венчавки Марси Блум, сѐ чинеше околу два милиони долари, а меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.

Да потсетиме, Мелинда и Бил Гејтс беа во брак од 1994 до 2021 година. Покрај Џенифер, тие ја имаат ќерката Фиби и синот Рори.

фото:Инстаграм

To top