Радио Милева „Не се опуштам“

Познатиот водител Војо Недељковиќ мора на операција поради здраствениот проблем со кој се соочува подолго време

Познатиот водител Војо Недељковиќ мора на операција поради здраствениот проблем со кој се соочува подолго време

Водителот Војо Недељковиќ проговори за здравствениот проблем кој го мачи со години.

Со оглед на тоа што неговата сопруга е здравствена работничка, Војо Недељковиќ е исклучително внимателен за здравите навики, особено кога станува збор за исхраната.

– Имам проблеми со жолчното кесе. Морам да го оперирам. Ме мачи веќе неколку години. Многу сум ригорозен кога е исхраната во прашање, за жал – изјави Недељковиќ, кој со години ги води емисиите на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

– Не можам да јадам маснотии, жолчки и слично… Кога ќе го оперирам ова, нема повторно да се препуштам на чварки и слични работи, иако ќе можам да ги јадам. Мора да внимаваш што внесуваш во себе, кога ќе дојдат годините знаеш дека сите тие работи ќе те снајдат– додаде тој за „Стори“.

– Мојата сопруга Маја неверојатно се грижи за мене, за целото семејство. Таа е навистина феноменална. Ваквата поддршка е многу важна. Се туркаме еден со друг – заврши Војо за споменатиот магазин.

фото:Принтскрин Инстаграм

To top