Бергузар Коел од неодамна има нов изглед, од бринета премина во русокоси и тоа за потребите на улогата од новата серија насловена “Düğüm”.
Корел ќе ја глуми Неслиха Турхан, новинарка која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства. Нејзиниот мирен живот ќе биде свртен наопаку кога нејзиниот единствен син ќе биде обвинет за убиство на нејзината пријателка Лејла.
Инаку, ова е прв проект откако по третпат стана мајка и на свет донесе девојче кое го носи името Лејла.
Убавата турчинка имаше проблем со килограмите по третата бременост, но немаше проблем да го открие вишокот. Сега овој проблем е надминат а Бергузар или попозната како Шехерезад изгледа подобро од било кога, само што сега е мајка на три деца.
фото:Instagram printskrin