Фолкерката Тина Ивановиќ својот син го роди на 16 години, но својот син не го видела 10 години бидејќи нејзиниот поранешен сопруг и неговото семејство и забранувале да се гледаат.
Пејачката во една прилика откри детали за најтешкиот период од животот.
-Само јас знам колку ми беше тешко. Многу бев тажна. Кога требаше да го видам своето дете, мојот сопруг и неговото семејство не ми дозволуваа. Никогаш не се откажав од него. Која мајка не сакаше да биде со нејзиното дете? Не можам да ви набројам колку пати одев до нивната куќа и го чекав. Еднаш успеав да го видам додека возеше велосипед. Не знам дали се сеќава на тоа бидејќи беше многу мал, имаше околу четири години. Му се доближив и му кажав дека јас сум неговата мајка и му дадов пари. Забележав дека беше збунет и цело време гледаше во портата од куќата во која живееше. Две години по разводот заминав да работам во Германија и редовно праќав алиментација. Така беше до 2005 година кога конечно се сретнавме, изјави Тина пред неколку години.
Таа откри дека Даниел и нејзиниот сегашен сопруг Звездан имаат убав однос, а и не крие дека сопругот и бил најголема поддршка кога требала да дојде до синот.
-Многу ми помогна Звездан. Со денови зборувавме како може да ми помогне да дојдам до Даниел. Преку некои луѓе успеа да дојде до неговиот телефонски број, му се јави и го праша дали сака да се види со мајка му. Тој кажа дека тоа му е огромна желба. Ние тогаш бевме во Будва, а за неколку дена ни се приклучи и Даниел. Не можев да ви опишам колку бев среќна што после толку долго време можев да го видам и прегрнам мојот син и да поминам време со него. Отогаш се е како треба, редовно се гледаме, доаѓа кај нас во Белград. Јас сум горда мајка бидејќи синиот ми е добар и вреден човек“, вели Ивановиќ.
Инаку, пејачката ретко споделува приватни моменти со наследникот.
фото: Инстаграм/тина ивановиќ