Актерката Барбара Мори на публиката и е позната по серијата „Руби“ во која ја играше улогата на жена полна со амбиции и која ја интеренсираа само парите.
Актерката неодамна се појави во Мексико на премиера на еден филм. Руби која денес има 41 година изгледа речиси исто и непроменето. Имено, актерката практивува природна убавина и не е фан на ботоксот.
Руби која по потекло на нејзинот дедо е Јапонка, а по потекло на нејзината мајка Уругвајка важи за една од најубавите латиноамерикански актерки.
Барбара на јапонски значи „шума“, а кариерата ја започнува како манекенка, а потоа започна да глуми во латиноамерикански серии.
Освен во „Руби“, Барбара играше и во „Месечина“, „Погледот на жената“, „Засекогаш“ и многу други.
Што се однесува до нејзинот приватен живот од 2016 до 2017 година беше во брак со актерот Кент Реј Сигамон.
Не траеше долго ни бракот, ниту врската со политичарот Серхио Мајер со кој го има синот Серхио кој со сопругата Наталија има ќерка.
Наследникот на Мори се занимава со манекенство и многу личи на неговата мајка. Тој е многу популарен на „Инстаграм“ каде што има 430 000 следбеници.
Убава снаа на „Руби“ исто така е манекенка.