Направете вкусна салата со пилешко месо.
СОСТОЈКИ:
- 400 гр. пилешко обарено месо
- 150 гр. сусам
- 1 варен морков
- 200 мл. кисела павлака
- 200 мл. мајонез
- сол по потреба
ПОДГОТОВКА:
- Се вари пилешкото со морковот, се сечат ситно.
- Се загрева сусамот на тава додека не добие златна боја, па се лади.
- Се мешаат павлака и мајонез, се става пилешкото со морковот, сусам.
- Се меша и се става сол.
- Се декорира по желба.
Уживајте!
извор:готви.мк