Тамара Милутиновиќ пред еден месец го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Дарко Јевтиќ, а денеска се огласи на својот Инстаграм профил и ги изненади сите.
Пејачката ги шокираше обожавателите и следбениците со што и официјално го смени презимето, а за тоа одлучи да се пофали со слика од пасошот.
– Официјално првата слика како госпоѓа Јевтиќ – напиша Тамара Милутиновиќ.
Тамара е во седмиот месец од бременоста, а наскоро ќе се роди мало девојче чие име го избраа да биде Емилија.
Иако со најдобра причина ќе се повлече од јавната сцена до породувањето, таа не планира да ја запостави кариерата откако ќе стане мајка.
– Дефинитивно, не сакам да се откажам од музиката бидејќи тоа е мојата прва љубов. Го сакам тоа што мојот сопруг се согласува да остане во музиката засекогаш затоа што мисли дека сум родена за тоа. Мислам дека најважно е да имаш партнер кој ќе те поддржува во се. Денес е многу тешко, мислев дека никогаш нема да сретнам некој кој би сакал да ме знае онаква каква што сум навистина – објасни Тамара и додаде дека сепак иднината не ја знае:
Не знам што ќе биде утре – искренa беше таа во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Милутиновиќ