Радио Милева
задоволна

„Потврдено, супер сум!“ – Ден по интервенцијата Снеже Велков веќе се чувствува одлично (фото)

„Потврдено, супер сум!“ – Ден по интервенцијата Снеже Велков веќе се чувствува одлично (фото)

Сведоци сме дека во нашата средина секојдневно гледаме луѓе кои се срамат од својата насмевка, без разлика дали се работи за целосно губење на природните заби или само за еден заб на видно место. Една од најголемите несигурности на човекот доаѓа токму од забите,  а забните импланти се решението кои го компензираат тој недостаток.

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков на социјалната мрежа Инстаграм се пофали токму со такво искувство за кое сега се одлучи, а  со интервенцијата која ја направила и од која навистина е позитивно задоволна, слободно може да си ја задржи насмевката на лицето, иако долго време се плашеше да се осмели на таков чекор, а сега го надмина стравот и реши да тргне во акција.

Откако Снеже ја направи интервенцијата за ставање на импланти, после серија стоматолошки анализи, ренгенски снимки, 3Д анализи и сл… вгради импланти кои можат да траат дури и доживотно доколку телото ги прифати.

– Потврдено, супер сум и јас и ставените импланти – напиша таа на објавата заедно со нејзиниот хирург.

Снеже сега со искрен одговор се обрати на јавноста за нејзината интервенција.

– Втор ден по интервенцијата на ставање забни импланти. Супер сум немам болка пијам антибиотик да превенирам инфекција – надополнувајќи дека ќе одговара и на сите прашања поврзани со имплантите.

41- годишната водителка објави и видео од ординацијата со кое на своите фанови им овозможи одблизу да ја проследат нејзината интервенција со која се гордее.

Снеже храбро издржала на стоматолошкото столче половина час колку што траел процесот, но затоа сега ќе нема мака. На социјалната мрежа Инстаграм изјави дека не почувствувала никаква болка по анестезијата освен што го слушала само зуењето на машината. Никаков допир, како ништо да не се случува дека и прават, а исто така и по завршувањето на интервенцијата и по престанокот на анестезијата таа повторно не почувствувала болка но, сепак за превенција против отокот направила се што е потребно  за да не се случи инфекција.

Таа е задоволна како сега изгледа и поради тоа изјави дека се чувствува фантастично!

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков

Останати вести од Радио Милева