Наташа Мекбрин одлучила да го преуреди својот дом. Таа сака шаренило, впечатливи бои и необични детали, па тоа и го направила со својот дом.
Таа за магазинот „Metro“ открила дека со години го уредувала својот дом, а ѕидовите ги доживеала како платно, па ги насликала и обоила. Користела само спрејови и лепливи ленти.
View this post on Instagram
„За спалната соба тоа беше комбинација од евтини бои и спрејови. Палетите за креветот беа бесплатни, а тапетите и боите кои се во спалната соба на мојата ќерка ги добивме како подарок. Ги преуредив сите оригинални предмети во тоалетот со спреј со боја, а исто така ја обновив и плочата со помош на леплива лента“, раскажала таа.
View this post on Instagram
Таа проценила дека потрошила околу 4.200 фунти на уредувањето на домот, а во сето тоа ѝ помогнал нејзиниот сопруг.
„Тој апсолутно ме поддржува, ми дозволува да влезам во мојата зона и да правам тоа што ми се допаѓа“, изјавила Наташа која на сите кои сакаат да го преуредат својот дом, а немаат доволно буџет ги советува да ги користат работите кои веќе ги имаат дома.
View this post on Instagram
Поголемиот дел од мебелот таа го купила на еBay, центар за рециклирање или пак го зела преку Фејсбук од луѓе кои го подарувале.
Најдобрата просторија за неа е тоалетот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кармин.точка.мк