Радио Милева

Потресна порака на сопругата на починатиот Синан Сакиќ: „Имам докази дека сопругот ми е убиен“

Потресна порака на сопругата на починатиот Синан Сакиќ: „Имам докази дека сопругот ми е убиен“

На профилот на починатиот пејач Синан Сакиќ се појави објава во која се прашува зошто познатиот пејач е убиен.

Сопругата на Синан објасни се што се случувало додека тој лежел во болница, а за негова смрт ги обвини лошата нега и третманот во текот на негување, пренесуваат српксите медиуми.

„Пет дена не го посети кардиолог, а имаше срцев удар. Освен инфузија не примаше никаква друга терапија. Ми рече: „Те молам води ме оттука, ова не е болница, ни лудница, ова е логор, тука ти ја земаат последната капка на достоинство. Тие не ме лекуваат, се откажаа, ќе ме убијат.  Пет дена беше отпуштен и чекаше отпусен лист. Намерно не му дадоа, никој не сакаше да му помогне“  пишува во пораката.

Целото писмо може да го прочитате во продолжение…

фото: Инстаграм/синансакиќ
To top