Живот и Стил

Потребни се само две состојки: Вака ќе ги заштитите вашите собни цвеќиња во зима

Потребни се само две состојки: Вака ќе ги заштитите вашите собни цвеќиња во зима

Станува збор за употреба на водороден пероксид т.е хидроген.

Сувиот воздух кој произлегува од централното греење во становите куќите, недостатокот на доволно количество светлина се едни од факторите кои го забавуваат процесот на фотосинтеза, што пак се одразува негативно врз виталната активност и растот на собните билки.

Како да го употребите хидрогенот за заштита на вашите цвеќиња?

Во литарски сад со вода на собна температура, додадете 2 супени лажици од 3% раствор на хидроген.

Добиената смеса складирајте ја во сад и секојдневно прскајте ги вашите собни растенија со истата, во умерено количество.

По само неколку недели ќе ги забележите посакуваните резултати, односно тие ќе заблескаат со нивната природна убавина и обновен свеж изглед.

Покрај прскање на билките со хидроген, исто така ова средство може да го употребите и за нивно наводнување, но важно е да знаете дека, за разлика од претходниот метод, наводнувањето може да го правите само еднаш неделно.

Овој трик ќе ги зајакне корените и стеблата на растенијата и ќе ги заштити од сите надворешни штетни фактори.

извор: Курир.мк

To top