Живот и Стил

Постојано се чувствувате уморно? Погледнете дали практикувате некоја од овие работи

Постојано се чувствувате уморно? Погледнете дали практикувате некоја од овие работи

Можеби правите грешки во секојдневната рутина кои доведуваат до потреба за спиење и одмор. Постојат неколку фактори кои се најчести причинители за необјаснив умор.

Неактивност
Нема потреба од активно вежбање од два часа, но 30 минути лесни вежби или прошетка со брзо одење до работа, ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да имате вишок енергија секој ден.

Нередовна исхрана
Доколку јадете во редовни интервали, никако не го прескокнувајте појадокот и не го одложувајте ручекот за да ја завршите работата, бидејќи со редовна исхрана нивото на енергија ќе биде стабилно, односно ќе бидете помалку уморни. Дури и ако сте во голема гужва, барем малку овојшје и неколку бадеми се вистински избор. Избегнувајте шеќер, кој прави нагли скокови и падови на енергијата.

Премногу спиете
Звучи контрадикторно, но ако постојано сте уморни иако генерално добро спиете, можеби би требало да се обидете да спиете помалку, односно да станете порано. Квалитетот, а не квантитетот на сон е она што е поважно. Луѓето кои спијат подолго од девет часа преку ноќ, подложни се на болести исто колку оние кои страдаат од несоница.

Неуреден работен простор
Што повеќе предмети имате на видно поле, како што се многу хартија, папки на работната маса, хаос во кујната која е затрупана со садови, толку потешко вашиот мозок ќе може да филтрира што е важно и да се фокусира. Тоа исто така може да доведе до ментална исцрпеност.

Недостаток на железо
Проблемот со концентрација, умор и нервоза може да биде знак дека на телото му недостасува железо. Бидејќи нашето тело не создава железо, мора секојдневно да го внесуваме преку намирниците кои ги консумираме. Јадете доволно темнозелено овошје, јајца, немасно месо, јаткасти плодови, во комбинација со цитрусно овошје и зеленчук кое содржи витамин Ц – кој пак го подобрува апсорбирањето на железо.

извор: точка.мк

To top