Живот и Стил

Посна мусака: Рапсодија од соја која ќе ве освои на прв залак, ќе полудете кога ќе видите колку е вкусна

Посна мусака: Рапсодија од соја која ќе ве освои на прв залак, ќе полудете кога ќе видите колку е вкусна

Ви треба:

6-7 компири
1 главица кромид
2 dl млеко од соја
4 лажици соја снегулки
масло за подмачкување
2 лажички сув билен зачин
половина лажичка копар
1 домат
сол

Подготовка:

Младиот кромид пропржете го со соја, која претходно била натопена во топла вода, па потоа била процедена. Потоа додадете една лажичка сув билен зачин и добро измешајте. Во подмачкан огноотпорен сад наредете ред компири исечени на прстени, па нанесете половина од филот од соја, ред компири, фил од соја и на крај покријте со компири. Врз компирите наредете ги исечените домати. Печете ја мусаката 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Во млекото од соја додадете една лажичка суви билни зачини, сол и копар. Отстранете ја мусаката, прелијте ја со млеко и печете уште 45 минути.

Извор: Попара

To top