Зошто да се откажете од вашиот омилен десерт за време на пост кога за тоа нема потреба. Како да приготвите посна бајадера и да уживате во нејзиниот неодолив вкус. Едноставно, вкусно и брзо. Три во едно уживање.Потребни состојки:
200 грама посни бисквити
200 грама мелени ореви
200 грама маргарин
200 грама чоколадо за готвење
200 грама шеќер во прав
Подготовка:
Маргаринот стопете го на собна температура и со миксерот добро измешајте. Потоа додајте ги мелените бисквити и ореви. Поделете ги на два дела и во едниот додајте го стопеното чоколадо и мешајте додека не се добро соединат.
Во тепсија ставете фолија, па ставете ја темната смеса и убаво израмнете, а потоа додадете ја и светлата смеса. Ставете во фрижидер да стои 2часа.