Во јули 2022 година, Јелена Карлеуша објави дека по 14 години брак се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ. Тие се уште живеат под ист покрив, а разводот се уште не се случил. Сепак, односите меѓу нив не се во најдобар ред, што Јелена го потврди во неколку наврати.
Бракот на Јелена Карлеуша секогаш ја заинтригира јавноста, а пејачката сега кажа што мисли за неа нејзиниот сопруг.
Никогаш не смеете да си дозволите да се радувате кога нешто е убаво.
View this post on Instagram
– Се трудам да не останам сама дома со него. Нашата комуникација не е она што јас би го нарекла убава комуникација.
Секој има проблем и сите ние имаме проблеми. Таков е животот – изјави Јелена за телевизија „Уна“ и додаде дека Душко мисли дека таа не е добра за него.
– Душко ми кажа дека ако не се оженел со мене, ќе играл во Реал Мадрид. Мисли дека не сум била добара за него.
Мислам дека нема зошто да се жали, јас не сум толку лоша девојка, имаме прекрасни деца, тој има убава кариера, јас не сум слепа жена што му ги потрошила парите. Секогаш добро заработував – рекла Јелена и додала дека нејзината мајка Дивна е нејзината жива рана.
фото:Instagram printscreen/ karleusastar