Радио Милева природно, женствено и елегантно

„После одмор ги пуштам“: Милена Антовска има совршена инспирација за сите оние дами кои се плашат од промени (фото)

„После одмор ги пуштам“: Милена Антовска има совршена инспирација за сите оние дами кои се плашат од промени (фото)

Ако сте од оние кои штом се договорат кај фризер почнуваат да пребаруваат на интернет, тогаш сте на вистинското место, бидејќи не е невообичаено да се бара инспирација меѓу познатите.

Сте  помислиле ли дека можеби е добра идеја да ги оставите шишките, бидејќи секој ден гледаме пример на многу  убавици, а листата од оние кои се одлучуваат на тоа е сè подолга.

Токму таква промена се одлучи да направи и македонската позната водителка Милена Антовска која во најновите објави на социјалните мрежи ни покажа дека после одморот има поженствено и попрефинето освежување на фотографиите бидејќи веќе се одлучила на мала измена во имиџот.

Имено, Милена објави кратко видео на кое потенцираше дека е горда поради новата фризура, на која можеме да ја видиме со подолги шишки  кои се благо исчешлани на страна, додека брановидните локни нежно го врамуваат нејзиното лице.

„После одмор, мала промена, изгледа сериозно ги пуштам шишките“ – одлучно напиша.

Таа со новата фризура изгледа неверојатно природно, женствено и елегантно, а благодарение на тоа изгледа и неколку години помлада. 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

To top