Радио Милева мама Дара на сцена

Посетувала училиште само до петто одделение: Ова е мајката на Снежана Ѓуришиќ која се појави во „Никогаш не е доцна“ (видео)

Посетувала училиште само до петто одделение: Ова е мајката на Снежана Ѓуришиќ која се појави во „Никогаш не е доцна“ (видео)

На кариерата на пејачката Снежана Ѓуришиќ таа секогаш ја имала поддршката од нејзиниот татко Милан и мајката Дара.

Пошироката јавност Дара Ѓуришиќ ја запозна во 2015 година, кога во емисијата „Никад није касно“ ја отпеа песната „Све бехара и све света“.

Таа тогаш имаше 73 години, а многумина коментираа дека изгледа неспоредливо помладо.

Покрај талентот за музика, госпоѓа Дара покажа дека е вистинска „жена од народот“, па отворено и без страв проговори:

‒ Го сакав тоа што ќерка ми пее и напредува, а јас бев дома. Воспитував деца и бев домаќинка. Не одев ни на училиште. Прво одделение завршив како одличен ученик, во второ бев многу добар, во трето добар и четврто го повторив. Одев во петто одделение додека не се омажив.

‒ Привилегирана сум што имам живи родители, такви духовити и чесни луѓе. Би сакала да живеете вечно – им порача таа и откри дека нејзината мајка, освен децата, внуците и правнуците, најмногу ги сака Новак Ѓоковиќ и Саша Поповиќ.

Погледнете го видеото:


фото:Јутјуб принтскрин

To top