И покрај тоа што меѓу Барселона и Мадрид постои вечно ривалство, во Шпанија не постои ниту еден град кој е повеќе жив од Мадрид. Градот зрачи со позитивна енергија па пораката: Мадрид знае како да живее, потполно е вистинита. Што сè треба да знаете за најсончевиот град во Европа кој никогаш не спие?
Град на уметноста
Мадрид е уште еден град во Европа со уметничко педигре, тоа е градот каде живееле Гоја и Валаскез, а ремек делата на Пикасо, Далија и Мира ги красат ѕидовите на уметничките галерии. Најдобар начин за запознавање со шпанската уметност е музејот Прадо, музејот Тисен Борнемис како и центарот за уметност Рејна Софија.
Престолнина на кулинарството
Мадрид се развил во една од најбогатите кулинарски престолнини во Европа. Градот ги прифатил сите креативни и иновативни шпански гастрономски иновации.
Ноќен живот
Вечерните излегувања во Мадрид се легендарни и совршено ја надополнуваат магијата на убавите уметности и фантастичното кулинарство. Во Мадрид постојат повеќе барови од било кој друг град во земјата. Коктел барови и ноќни клубови во комбинација со гламур и постојана акција. Ова на некој начин само ја опишува привлечноста на Мадрид откако ќе падне мрак. Во било кое време од ноќта да излезете, ќе наидете на млади луѓе кои се забавуваат до раните утрински часови.
Преубава архитектура
Мадрид нема потреба да му завидува на Париз за Ајфеловата кула или на Браселона за Саграда Фамилија, бидејќи овој град може да се пофали со широк спектар на архитектонска историја на Шпанија. Низ градот можете да ги забележете средновековните вили и кралски палати, па се до современа шпанска архитектура.
Квартот на книжевноста
За љубителите на книги постои кварт Барио де Летрас или квартот за книжевност. Додека шетате низ улицата Хуертас на плочките можете да прочитате цитати од најголемите шпански дела. Овој кварт добил такво име бидејќи таму живееле или престојувале најголемите шпански писатели, вклучувајќи ја и зградата каде е печатен “Дон Кихот” на Сервантес.
Занимливости
На самиот влез во градот имало пет кралски капии, но денес останале само четири од кои најголема и најзначајна е Пуерта де Алкала од 19776 година, која се наоѓа пред влезот на паркот Ретиро. Американскиот писател, Ернест Хемингвеј го обожавал Мадрид и можете да наидете на места кои тој ги посетувал. Едно од тие места е ресторанот Собрињо де Ботин. Тој во својот роман “Смрт на пладне” од 1932 година, напишал: “Во Мадрид не се оди на спиење доколку претходно не сте ја убиле ноќта”. Неговите зборови се покажале вистините и реални за Мадрид.