Некогашната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска се реалзираше во една од најубавите улоги – стана мајка.
Имено, Мартина вчера на свет донесе ќерка за која го одбра името Алана.
Радосните вести за приновата ги сподели нејзиниот сопруг Виктор Илоски, кој на „Инстаграм стори“ напиша:
„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“ .
Инаку, Михајловска својот приватен живот не го експонира во јавност, па на социјалите мрежи многу ретко може да се видат нејзините приватни фотографии.
За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен Виктор Илоски запливаа во брачните во октомври претходната година.
Честитки до тазе родителите.