Радио Милева

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски првпат проговори по разводот: „Поминав низ еден период на депресија“

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски првпат проговори по разводот: „Поминав низ еден период на депресија“

Пред некој месец во медиумите како бомба одекна веста дека пејачот Даниел Кајмакоски  се разведува од неговата сопруга Кристина.

Во мејл за Бекстејџ тој ја потврди оваа информација истакнувајќи дека е точно дека се разведува и дека е тоа е најдоброто за нив.

Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

Од друга страна, сега и сопругата на Даниел првпат пред камерите на „Бекстејџ“ проговори за разводот.

фото: Принтскрин/јутуб

„Ние се разделивме на пријателски начин и сме во контакт заради нашето дете Давид„ вели Кристина и додава:

„Јас сум среќна што го поминав и тој дел, разводот доста ме созреа, а мило ми е што доживеав таква љубов бидејќи тоа сепак беше љубов. Патиштата не разделија како партнери, но ете тука сме како пријатели и родители“ вели Кристина и открива дека поминала низ еден депресивен период по разводот.

фото: принскрин/јутуб

„Кога некој сакаш и ти е важен, а не успеало, нормално дека е тешко. Се е за луѓе. Никој нема да стане и да ти дојде дома и да ти каже – ајде направи нешто. Беше долг на затвореност, не сакав да комуницирам со никого. Поминав низ депресивен период, но важно е каде сме сега“ вели поранешната сопруга на Даниел.

За потсетување, Кристина и Даниел беа 3 години во брак, а заедно го имат синот Давид.

To top