Поранешната македонска ТВ и радио водителка Марија Главчева, одамна не сте ја виделе на телевизија или слушнале на радио.
Но, за тоа има причина, бидејќи Марија веќе извесен период е преселена во Америка каде што живее заедно со нејзиниот избраник Ивица.
Оваа Нова Година ќе биде посебна за Марија и нејзиниот сакан, зашто тие за првпат ќе стана родители и тоа на машко бебе.
Марија е доста активна на Фејсбук, каде неодамна објави фотографии од магичната „бејби шауер“ забава која е доста актуелна во Америка.
Пријателките и најблиските на идната мама се собраа во нивниот дом и донесоа подароци за бебенцето кое ќе се вика Мартин.
Снежна торта, многу сини балончиња, конфети, односно се’ во знакот на тоа дека доаѓа машко бебенце во нивниот дом.
-Да се стане мајка е такво патување. Тоа е уникатно, приватно, емотивно и убаво искуство. И трудот е единствениот датум на слепиот каде што знаете дека ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот, пишува Марија во една своја објава.
Мартин само што не пристигнал за да биде најубавиот подарок за мама и тато, а на мама Марија и посакуваме лесно породување!