Живот и Стил

Поранешна зајачица открива што се случувало на журките на Хју Хефнер

Поранешна зајачица открива што се случувало на журките на Хју Хефнер

„Playboy“ журките кои ги организирал покојниот Хју Хефнер биле луди и диви.

Имало доста познати личности, а се почнувало пристојно и формално, за после извесен временски период да се претвори во место каде шетале голи девојки, луѓе скокале во базен, а сите прилично жестоко се забавувале.

Поранешната зајачица, ди-џеј Сара Роберстон вели дека ќе и недостигаат ваквите забави.

„Тоа беа неверојатни журки. Често доаѓаа Памела Андерсон, Парис Хилтон, Снуп Дог, Ричард Бренсон и други славни личности“, вели денеска успешната Сара, која ја забележале скаути за време на еден „Playboy Golf“ настан.

Таа поради „кариера“ во царството зајачици го напуштила училиштето, а вели дека тоа била нејзина најдобра животна одлука.

Сара вели дека Хефнер одржувал традиционални летни журки, но и хуманитарни забави.

„Секогаш се ќе почнеше фино, пристојно, а како што времето одминуваше сите полудуваа. Насекаде имаше голи девојки, луѓе скокаа во базени во скапи костими, која и врата да ја отворев, луѓето дивееја. Секогаш беше помалку надреално“, вели Сара, која станала ди-џеј, благодарение токму на овие журки.

„После излегувањето од „Playboy“, отидов на турнеја полни шест години“, вели таа.

За жал, деновите со ваква забава сосема сигурно се завршени.

Имотот после смртта на Хефнер го купил инвеститор кој има други планови со тоа место.

извор:кајгана.ком