Радио Милева

Поради тепачка во Тител, Вељко Ражнатовиќ заврши во полиција

Поради тепачка во Тител, Вељко Ражнатовиќ заврши во полиција

Во текот на вчерашниот ден околу 16часот и 20 минути, во Тител дошло до тепачка меѓу Вељко Ражнатовиќ и К.С (36), пишуваат српските медиуми.

Како што наведува адвокатот на Вељко, тој сакал сакал да го заштити семејството.

Пред инцидентот, имало кавга меѓу Вељко и една група на млади момчиња. Имено, четири млади момчиња во алкохолизирана состојба дошле пред вилата на Родиќ. Во дворот бил и Вељко кога момчињата му се приближиле и почнале да дофрлаат.

Вељко ги замолил да си заминат и да не прават инцидент бидејќи во куќата има мало бебе. Меѓутоа, дошло и до физичка пресметка поради што Вељко завршил во полиција.

фото: немања николиќ

По инцидентот К.С е пренесен во Клинчкиот центар во Војводина.

„Тоа беа момчиња од Тител. Дојдоа пред семејниот дом. Тие правеа врева, пуштаа музика од автомобилот, беа во алкохолизирана состојба. Вељко дојде да види што се случува и ги замоли да не прават врева. Неколку пати ги замоли да се одалечат. Тие почнаа да го напаѓаат. „Што ни кажуваш да ти правиме пред портатата….“. Тој беше нападнат пред неговата куќа. Вељко не е уапсен. Замина во полиција, не затоа што е осомничен туку да даде изјава. Сакаше да го заштити мирот на семејството“ вели адвокатот на Вељко Ражнатовиќ, Радомир Мунижаба.

фото: Немања Николиќ/тамара трајковиќ
To top