Таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, последните неколку месеци е во животна опасност, а според странските медиуми му била ампутирана ногата.
Токму поради тоа што е во лоша здравствена состојба, поп-пејачката наводно размислува да се смири со него и да му прости за годините затвор.
Спирс претрпе инфекција за која беа потребни пет операции во изминатите неколку недели, пишува TMZ.
Поради тоа, лекарите морале да му ја ампутираат ногата, бидејќи ниту една од интервенциите не можела да ја смири инфекцијата.
Токму затоа Бритни призна дека и недостига нејзиниот татко. Рекла и дека сака да му прости за се, дека нема да го тужи и дека финансиски ќе му помогне.
– Нема ништо повеќе што тој го сака од тоа да се смири со ќерката – рекол истиот извор.
Фото: Printskrin/Instagram/britneyspears/Tik Tok Page six