Ако сте љубители на растенија и често споделувате фотографии од своите зелени „убавици“ со следбениците на социјалните мрежи, тогаш веројатно сте користеле Инстаграм и други мрежи за да разгледувате фотографии од растенија како дел од ентериерот.
Една американска компанија направила анализа на хаштагови за цела низа собни растенија, а едно се истакнало како најпопуларно – станува збор за алое верата.
View this post on Instagram
Хаштагот #aloevera се наоѓа под повеќе од 4,8 милиони објави на Инстаграм. Секако, една од причините е дека алое верата се употребува за разни цели во козметичката, прехранбената и фармацевтската индустрија, но освен тоа, ова растение има свое место и како украсна билка во многу домови.
View this post on Instagram
Освен што е убав украс во секоја просторија, алое верата е и корисна бидејќи овој атрактивен сукулент кој е едноставен за одржување го прочистува воздухот. Тој го зголемува нивото на кислород во домот и ефикасно апсорбира одредени штетни соединенија.
Кога станува збор за грижата за алое вера, оваа билка сака места со силна светлина, а добро поднесува дури и директно сонце.
View this post on Instagram
Собните температури совршено ѝ одговараат, сака прозрачна земја во која е пожелно да додадете и песок, а кога станува збор за полевањето, важно е земјата добро да се исуши помеѓу две полевања бидејќи вишокот вода доведува до скапување на корените.
View this post on Instagram
Во постудените периоди од годината доволно е да ја наводнувате еднаш месечно.
извор:кармин/точка.ком.мк