Ѕвездата на австралискиот „Big brother“, Тили Витфелд, целосно го уништила лицето со бјути ‘трик’ кој го нашла на ТикТок. Таа објаснила дека поради тоа завршила во болница.
„Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во куќата, а сега ставам многу шминка или ставам маска од глина за да го сокријам тоа“, напишала студентката покрај фотографијата на која лицето ѝ е со црвени лузни.
Таа имала проблем со акните кои на сите начини се обидела да ги реши. На ТикТок го пронашла бјути советот од една девојка која тврдела дека знае како да се ослободи од акните на лицето и ја советувала сама да направи акупунктура дома, а Тили го направила тоа. Се испоставило дека тоа е најлошата одлука која можела да ја донесе.
Веднаш после ‘третманот’ завршила во болница со отоци и изгореници на лицето, а повремено и целосно го загубила видот.
После ова морничаво искуство, таа само едно им порачала на своите следбеници.
„Не ги слушајте советите во кои се препорачува дома да направите нешто што инаку би требало да го прават експерти во салони“, вели Тили, која сега се кае што некогаш помислила дека советот од интернет би ѝ бил од помош.
извор: точка.ком.мк