Наредната година ќе ја одбележат бројни пресврти и турбуленции. Некои во тоа ќе ја видат својата шанса за успех, додека пак други ќе се помачат да одговорат на сите предизвици.
Три знаци од хороскопот спаѓаат во оваа втора група, нив ќе им биде најтешко, наведува турскиот астролог Мурат Којун.
Лав
За Лавовите наредната година ќе биде полна со изненадувања. Ќе мора да бидат внимателни во односите со луѓето кои ги сакаат, како и да се потрудат да го сочуваат бракот. Секој однос мора да еволуира, што ќе биде нивна задача во 2022 година. Сè што сакале поврзано со кариерата се менува, ќе постават нови цели. Не се исклучени ниту други понуди за работа, па дури и промена на професијата.
Девица
Девиците ќе имаат шанса конечно да ги расветлат сложените семејни односи и да свртат нов лист. Тоа не е нешто што го сакаат и поради тоа ќе патат, но гледано на долги патеки тоа ќе бие добро за нив. Следната година ќе биде година на големи промени на претставниците на овој знак кои ќе мора многу да се адаптираат, а тоа никако нема да им годи. Астрологот советува тие „да ја спуштат топката“ и да прифатат сè што 2022 година им носи. Во спротивно само ќе се влоши ситуацијата.
Шкорпија
Шкорпиите во 2022 година ќе бидат на тест кога станува збор за семејството. Ова не се однесува само на потесниот круг на фамилијата и партнерот, туку и на другите поблиски роднини. Можно е промени во бракот, сè зависи од тоа дали ќе бидат подготвени за компромиси или повторно ќе „удрат со главата во ѕид“. Во 2022 година тие ќе научат да ги подобрат комуникациите со другите низ бројни предизвици, но и проблеми на работа. Треба да водат сметка за своето здравје.
извор: Кармин.точка.мк