Кога сте во друштво на славни личности кои немате прилика да ги гледате секој ден, посебно кога станува збор за членови на кралското семејство, кај некои се јавува порив да земат нешто кое ќе ги потсетува на тој момент, но и на личностите на кои тој предмет припаѓа.
На тој предизвик не одолеала популарната пејачка Камила Кабељо која се нашла во друштво на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.
Популарниот водител Грег Џејмс кој заедно со Камила бил во посета на палатата, самиот признал дека тој ѝ предложил сè на пејачката:
„Бевме толку многу возбудени кога ги запознавме Кејт и Вилијам па ѝ реков на Камила: „Укради нешто! Укради барем пенкало“ – вели популарниот водител.
„Ме предизвикуваш. Не прави го тоа“ – му одговорила Камила.
„Го ставив пенкалото во чантата на мајка ми, а таа веднаш ми рече: „Мораме да го вратиме пенкалото“. На тоа ѝ возвратив: „Не, тој ме предизвика, морав да го украдам“ – раскажала накратко пејачката Камила.
Кејт и Вилијам на објавата на Твитер кажале дека забележале што Камила краде од нив, така што на нејзиното признание реагирале со широко отворени очи.