Калиопи Букле имаше навистина успешна година… Македонската поп дива беше една од ретките домашни естрадни уметници кои ја мина границата, одржувајќи серија концерти во соседна Србија и регионот. За жал го имаш оној пех со непријатната случка на концертот во Белград кој од човечки и хумани причини го одложи, а толку го поскауваше како круна на она што во 2023-тата го работеше. Но, она што го сработи огледано во песните и концертите беше повеќе од добро и доволно за радост, среќа и задоволство… И нејзино и на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
Сепак, поп дивата успешната година не ја зокружи со концерт, туку со прослава… И тоа домашна, на која Калиопи како дете му се израдува на „денот што го чекаме цела година“ и едвај дочека да ги дувне свеќичките на славеничката торта, а моментот на радост и среќа го овековечи со блиц видео.
На дамите не им се бројат годините иако Калиопи не ги крие своите, ама затоа им се бројат роденденските честитки, а нив Опи ги доби во избилство. И вербално и во вид на пораки на мобилниот и преку социјалните мрежи, па дел од нив сподели на својот Инстаграм профил.
Најмногу од нејзините пријатели и секако од верните обожаватели меѓу кои предничат дамите кои се поистоветуваат со емоцијата во нејзините песни и нејзините стихови, вткаени во прекрасните ноти и тонови кои излегуваат од нив, обоени со експресијата на единствениот глас на Калиопи. Онаква, каква што само таа може да ја донесе, во која е оставена нејзината душа.
Затоа и со душа и од срце пристигнуваат и многубројните роденденски пораки и честитки, во кои оние кои ја сакаат и се пронаоѓаат во нејзината музичка лирика сега имаат прилика и парче од својата душа да и подарат и со неа да го споделат. Исто онака како што тоа го прават на нејзините концерти, кои Калиопи несомнено ќе ги има уште многу пати и во Новата 2024-та година.
View this post on Instagram
Калиопи роденденот го прослави во својот дом, до кој водат врати милион… Но, само една до нејзиното срце. Онаа, низ која убавите нешта меѓу кои и искрените роденденски честитки пристигаат до неа! Нека е овој роденденски ден најсреќен!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/kaliopi_official