Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Ернест Живојиновиќ за повеќе од една година успеа да ослабе 50 килограми.
Синот на фолк дивата се преполови, а како што истакна тоа го постигнал со промена на исхраната и редовно вежбање.
Meѓутоа, во одредени српски медиуми се појавија вести дека наводно младиот Живојиновиќ ослабел со липосукција.
Наводно како што пишуваа медиумите, тој посетил една приватна болница и се ослободил од вишокот на килограми.
Токму по тој повод, Виктор се огласи на „Фејсбук“ и реагираше на написите.
Имено, тој ја објави веста, а во описот напиша дека е лага.
„Да се разбереме, успеав благодарение на својата упорност и со желба да живеам здрав живот и да изгледам подобро. Прво, тоа го сакав за своето здравје бидејќи тоа е најважно. Го променив начинот на исхрана, редовно тренирав и морам да кажам дека се победив самиот себе во таа борба. Секој се бори на свој начин со вишокот на килограми, знам колку е тешко, само немојте да пишувате лаги“, напиши Виктор во кусите приказни на „Инстаграм“.
Инаку, Живојиновиќ повеќе од една година ужива во љубовната врска со Сандра Миљковиќ, а неодамна заминаа во Монте Карло каде им се придружија на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.