Живот и Стил

Полнети домати со ориз (посно)

Полнети домати со ориз (посно)

Ова јадење може да се служи како индивидуално јадење особено за време на пости или во комбинација со месо. Лесно е да се подготви и супер вкусно, исто така може да се употребат пиперки за полнење, но да знаете дека на пиперките им треба повеќе време за печење отколку на доматите. Мојата омилена комбинација е со ќофтиња.

Подготовка

Прво сварете го оризот.
Исечете ги врвовите на секој домат. Извадете ја пулпата, оставајќи околу 1 см дебелина на ѕидот на доматот. Исечкајте ја пулпата и оставете ја на страна. Посипете сол на внатрешноста на доматите.
Во тавче, запржете го исецканиот кромид во малку масло додека не омекне. Додадете ја сечканата доматна пулпа и варете додека поголемиот дел од течноста не испари. Тргнете го тавчето од оган, додадете варен ориз, магдонос, лук и додајте повеќе сол и зачини доколку сакате.
Наполнете ги доматите со оваа мешавина, додајте малку масло и покријте ги со врвовите на доматите што претходно сте ги отсекле. Ставете ги во намастен сад и печете ги непокриени на 200 Ц околу 20 минути или додека да се запечат малку.

извор: готви.мк

To top