Цвеклото содржи речиси се од минерали, но најзастапени се калиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и сулфурот. Од витамини најприсутни се витамините Б1, Б2, фолна киселина како и витаминот Ц. За разлика од останатиот зеленчук, цвеклото содржи и одредена количина на кобалт кој им се препорачува на вегетаријанците, односно веганите кои не консумираат млеко, месо, сирење и јајца, а кобалтот е неопходен во синтеза на витаминот Б12.
Од друга страна, морковот е богат со витамините А, Ц, К и Б8, како и со фолати, калиум, железо, бакар и манган. Меѓутоа, повеќето благотворни својства на морковот потекнуваат од бета каротенот и растителните влакна.
Потребни состојки:
– 3 лажички маслиново масло
– 500 гр. морков
– 500 гр. цвекло
– 1 црвен кромид
– 1,7 литри вода
– 1 кисело јаболко (или компир, целер, пашканат)
– 1 лажичка сол
– мелен црн бибер
– 3 цм. корен од ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав
– сок од половина лимон
Начин на подготовка:
На маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид. За тоа време излупете ги морковите и исечкајте ги на коцки, а потоа истото направете го и со цвеклото.
Пропржете го зеленчукот заедно со кромидот со повремено мешање. Потоа додајте 1,7 литри топла вода и ставете го исечканото јаболко или компир и ѓумбирот, ако користите свеж. Варете 30-тина минути, па тргнете го тенџерето од оган.
Изладете го малку зеленчукот пред да го ставите во блендер. Изблендирајте и вратете ја смесата во тенџерето, а потоа зачинете со сол, бибер и лимонов сок (и додајте ѓумбир во прав).
извор: точка.мк