Српските медиуми кои не и се наклонети, дури ни во време на корона не ја оставаат мирна во изолација скандалозната пејачка Јелена Карлеуша.
Најново се појавија написи дека таа наводно го пријавила сопругот Душко во полиција бидејќи ја претепал.
Карлеуша овие пишувања не ги остава со молчење, туку веднаш се обрати на Инстаграм пишувајќи дека полицијата кружи околу нејзината куќа, но само поради тоа Душко да не го напушти карантинот бидејќи е вратен од Кина.
За се останато таа пишува дека е лага и нема никакво насилство. Дури објави фотографија од Дупко како по дома игра со ролна тоалетна хартија.
-Полиција кржи околу нашата куќа нон-стоп за да провери дали Душко го прекршува карантинот. Нема потреба да се шират вакви лаги за насилство. За жал на многумина, мене никој никогаш не ме претепал, пишува Јелена Карлеуша.
–