Живот и Стил

Појадок за мрзеливи црева: Успешно го забрзува метаболизмот, детоксицира и штити од разни заболувања

Појадок за мрзеливи црева: Успешно го забрзува метаболизмот, детоксицира и штити од разни заболувања

Доколку имате проблем со мрзеливи црева, испробајте го овој проверен појадок за забрзување на метаболизмот.

Започнете го денот со овој напиток. Пијте го наместо да појадувате или неколку часа пред појадокот, а исто така е пожелно овој напиток да биде и вашиот последен оброк.

Потребни состојки:
– 6 суви сливи
– 2 лажици овесни снегулки
– 1 лажица ленено семе
– 1 лажица какао
– 300 мл. кефир/јогурт

Начин на подготовка:
Прелијте ги сувите сливи со 100 мл. зовриена вода и оставете ги да отстојат 10 минути. За тоа време ставете ги овесните снегулки во еден сад и додајте го меленото ленено семе и какаото. Додајте 300 мл. јогурт или кефир, а сливите ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата.

Вака подготвената смеса оставете ја да отстои во фрижидер преку ноќ и консумирајте ја наутро на празен стомак. По желба можете да додадете и цимет.

Сливите, поради содржината на пектин кој набабрува во цревата, ја омекнуваат столицата што е многу важно при лекување хемороиди или цревни заболувања.

Со регулирањето на дигестијата превентивно се делува и против појава на рак на дебелото црево, а пектинот го намалува и нивото на холестерол во крвта. Сливите со помала количина на шеќер се подобри за лекување на разни тегоби, па најмногу се препорачуваат покиселите сорти.

Сувите сливи се одличен лек ако се земаат на празен стомак или еден час пред јадење. Тие помагаат при заболувања и детоксикација на црниот дроб, крвта и целокупниот организам. Бидејќи поттикнуваат излачување на урина, корисни се и во лекување на ревматизам, атеросклероза и анемија.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top