За подготовка на овие палачинки потребни ви се:
-100грама брашно
-30грама шеќер во прав
-2,5 децилитри млеко
-2 јајца
-5 децилитри пиво
-30грама путер
За фил:
-3 децилитри неутрален крем
-150 грама бело чоколадо
-50 грама на кокос
-50 грама бадеми
-50 грама лешници
За декорација:
-50грама млечно чоколадо
-неколку листови од свежо нане
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното и шеќерот во прав во сад. Во друг сад помешајте млеко, јајца, пиво и омекнат путер. Сетоа тоа соединете го и испечете тенки палачинки.Изматете неутрална павлака и во неа полека додадете бело чоколадо растопено на паре. Во добиената смеса додадете кокос, бадеми и лешници. Филувајте ги палачинките, посипете со растопено млечно чоколадо и украсете со листови нане.