Живот и Стил

Похувани палачинки со фил од компир (рецепт + видео)

Похувани палачинки со фил од компир (рецепт + видео)

Едноставно јадење од евтини состојки со фантастичен вкус. Похуваните палачинки се одличен предлог за ручек или вечера.

Палачинките се стар и евтин деликатес кој се јаде уште од дамнина. Порано се полнеле со шеќер или се премачкувале со џем, а денес има толку многу различни филови што не знаете кој да го изберете. Без разлика дали станува збор за солени или благи, тие се омилени на сите, а наш предлог денес се похувани палачинки полнети со пире од компири.

Потребни состојки:

3 јајца
1 лажичка шеќер
500 мл млеко
200 гр брашно
2 лажици сончогледово масло
сол

За филот:

900 гр компири
1 кромид
2 лажици маслиново масло
1 црвена бабура
младо кромитче
100 гр тврдо сирење
сол
бибер

За похувањето:

3 јајца
3 лажици брашно
презла
путер

Подготовка:

Компирите сварете ги, па процедете ги и изгмечете ги. Потоа на малку масло во тавче пропржете ситно сечкан кромид, а кога малку ќе омекне додадете сечкана пиперка. Зачинете со сол и бибер, па измешајте. Покријте и оставете да се готви уште 5-7 минути. Додадете ги во пирето заедно со сечкано младо кромитче и рендано сирење. Сè добро соединете.

Јајцата се изматате ги со прстофат сол и шеќер, па сипете млеко. Соединете и додадете брашно, па повторно изматете. На крајот додадете масло и соединете. Испржете ги палачинките.

Ставете го филот врз секоја палачинка и виткајте ги (како на видеото подолу). Правете така додека не ја потрошите целата смеса.

Изматете ги јајцата и додадете го брашното, па соединете. Во друг сад ставете презла. Валкајте ги палачинките во јајца со брашно, па во презла. Пржете ги во растопен путер.

Извор: Кајгана. мк

To top