Нема чистење и многу мака, а добивате совршено вкусно јадење. Наместо класичната смеса за поховање кое се состои од брашно и јајца, ви предлагаме да го направите ова со мајонез и сирење. Рибата ќе има златна кора, а вкусот ќе биде уште подобар отколку кај обичната кора.
Состојки:
4 јајца
4 лажици мајонез
200 гр тврдо сирење
1 кг риба филе (по избор)
Подготовка:
Сирењето изрендајте го, па измешајте го со изматените јајца и мајонезот. Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте ја смесата. Извалкајте ја рибата и пропржете ја на малку масло. Пријатно!
извор:курир.мк