Радио Милева

„Погледом ме милујеш, ко да ме узбуџујеш“ – Македонец направи карамбол во „Ѕвездите на Гранд“

„Погледом ме милујеш, ко да ме узбуџујеш“ – Македонец направи карамбол во „Ѕвездите на Гранд“

Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во првиот дуел настапуваше и Македонецот Стефан Вечиковски од Скопје.

Стефан се претстави  со песните „Ти си ми у криви„ од Здравко Чолиќ и „Срце није камен“ од Тоше Проески.

Кога, Стефан започна да ја пее песната од Чолиќ од трема го згреши текстот, па наместо да запее „Погледом ме милијуеш, к’о да ме додирујеш“ запеја „Погледом ме милијуеш к’о да ме узбуџујеш“, а жирито падна од смеа.

„Јас морам да кажам дека кандидатот имаше многу трема, дури и го заборави текстот, па ние суфлирафме“, изјави водетлката  Сања Кужет.

Инаку, Стефан освои шест гласови, но на крајот помина во четвртиот круг.

Останати вести од Радио Милева