Живот и Стил

„Погледнете ги вашите очи“ – медицинска сестра открива досега непознат симптом на коронавирусот

„Погледнете ги вашите очи“ – медицинска сестра открива досега непознат симптом на коронавирусот

Домот за стари лица во Вашингтон стана новото жариште на коронавирусот… Медицинската сестра Челси Ернест, заедно со тимот на доктори секојдневно била во првата линија во борбата против коронавирусот, а единствената задача ѝ била да им помогне на луѓето кои што биле сместени во старечкиот дом во Вашингтон.

Таа во разговор за Си-ен-ен открила дека освен кашлање, температура и често забрзано дишење, сите луѓе кои што биле заразени од коронавирусот и биле во лоша здравствена состојба имале црвени очи.

„Тоа го забележав кај сите пациенти. Имаат црвени очи, како да ги мачи некаква алергија. Белката од окото не е црвена туку повеќе изгледа како да имаат црвена сенка околу очите“ – објаснила Челси.

Американската офтамолошка академија испратила предупредување до своите членови дека постојат извештаи дека Ковид-19 може да предизвика и конјуктивитис поради што се појавува црвенило околу очите, пренесуваат од Си-ен-ен.

Исто така тие соопштиле дека луѓето треба да ги заштитат своите усти, носот и очите…

Конјуктивитисот не е на листата на симптоми кои што ги објави Центарот за контрола и превенција на болести. Како главни симптоми, како што знаеме се наведуваат зголемена телесна температура, константна и сува кашлица и недостаток на кислород во телото, но очигледно дека листата не е целосна.

Челси вели дека покрај наведените сигнали кои што ги имале пациентите, за неа и за нејзините колеги во старечкиот дом и според признанијата на докторите од болниците, црвените очи претставуваат знак дека личноста е заразена од коронавирусот.

„Имавме пациенти кои имаа црвени очи и тоа беше единствениот симптом кој што го забележавме. Сместени беа во болница, а потоа набрзо починаа“ – изјавила таа.

извор:точка.ком.мк

To top