Вистинското време, сепак е работа на личен избор, но истражувањето кое го направил др. Џон Мировски од Универзитетот во Тексас открило дека совршеното време за раѓање деца е на 34 години.
Во овие години жените се оптимално здрави и подготвени за бременоста. Другите истакнуваат дека жените во овие години имаат идеална количина на енергија и доволно се зрели за подигање на детето.
Доколку на тоа додадеме и дека лицата во овие години се финансиски постабилни и имаат поздрави врски, тогаш ова навистина се идеални години.
Жените кои не брзаат за бременоста, имаат подобро здравје, подолго живеат и раѓаат поздрави бебиња. Жената која прв пат раѓа на 34 години има многу повеќе здравствени бенефити отколку помладите девојки. Бенефитите за здравјето започнуваат на 22 години и растат се до 34 години.
На 35 години веќе започнуваат да се јавуваат проблеми кои се повеќе се зголемуваат како што жената се доближува до своите 40-ти години.
извор: Курир.мк