Лошата крвна слика може да ве изложи на ризик од многу компликации, така што важно е што поскоро да го вратите нивото на еритроцитите на вистински пат.
Недостатокот на железо се манифестира преку замор, поспаност, недостаток на енергија и многу други симптоми, а бледата кожа на лицето е доволен показател дека можеби се развила анемија и дека треба да посетите лекар.
Потребно е да направите витаминска каша која го зајакнува организмот, снабдувајќи го со железо.
Состојки:
– две средни главици цвекло
– моркови
– помали јаболки
– лажичка мед
– лажичка цеден лимон
Подготовка:
Во блендер измешајте го цвеклото, па ставете го во сад. Потоа истото направете го со морковите, па со јаболките. Кога сите состојки ќе бидат изблендирани, измешајте ги и истурете една лажичка мед и лимонов сок во смесата и добро промешајте.
Кашата ставете ја во тегла или стаклен сад и јадете ја во наредните денови. Не смее долго да стои. Најдобро е да ја јадете секојдневно во просек по три големи лажици, ако ви е ниско железото.
извор:точка.ком.мк