Се што ви треба за да ги направите овие риби е хартија во боја, лепак и ножици.
Има многу работи што можете да ги правите заедно со вашите деца, а правењето на овие мали риби е една од нив.
Потребно е да имате листови хартија во боја, ножици и лепак и забавата може да започне.
Свиткајте ја хартијата која е во форма на квадрат, па исечете ја директно однадвор кон средината, а потоа спојте ги „опашките“ кои ќе ги претставуваат перките. Преклопете го крајот и направете опашка, исечете ја хартијата за очи и секако залепете се.
Целата постапка може да ја видите во видеото.
View this post on Instagram