Новиот спортски автомобил на баварската компанија пристигнува како родстер и под хаубата ќе има мотор кој ќе испорачува 390 коњски сили.
Тојота на Саемот за автомобили во Женева со тркачкиот концепт Gazoo ја најави новата Supra, а баварси BMW се одлучи за нешто поинаква тактика што се однесува до нивниот модел Z4.
BMW Z4 ќе ја има својата премиера во текот на идното лето на самостоен евент, а потоа на есен, на парискиот саем за автомобили новиот Z4 ќе биде претставен и пред пошироката јавност.
Додека Supra на Тојота ќе биде понудена само во купе изведба, новиот BMW Z4 ќе биде достапен исклучиво како родстер. А, тоа значи дека главни конкуренти на пазарот ќе му бидат Jaguar F-Type, Porsche 718 Boxter и Mercedes-Benz SLC.
Како што откриваат германските медиуми, во понудата ќе има два мотори, 4-цилиндарскиот 2.0 мотор кој ќе развива 200 коњски сили и 3.0 моторот кој ќе развива до 390 коњски сили. Засега е познато дека за пренос на силата ќе биде задолжен автоматски менувач, а наскоро очекуваме да се појават повеќе детали околу новиот BMW Z4.