Живот и Стил

Поделете два броја и откријте која е вашата идеална тежина

Поделете два броја и откријте која е вашата идеална тежина

Индексот на телесната маса е општоприфатено мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го користат во своите статистики.

Овој индекс е најлесен начин да пресметате дали тежината и висината ви се складни.

На пример, ако лицето високо 176 сантиметри има тежина од 84 килограми, неговата висина треба да се помножи два пати, но по овој пример како децимала.

1,76 х 1,76 = 3,0976.

Кога со тој број ќе ја поделите телесната тежина (84 : 3,0976) добивате индекс на телесна маса 27.

Нормалниот индекс на телесна маса е од 18,5 до 25.

Секоја вредност под 18,5 се смета за ненахранетост, додека ИТМ од 25 до 30 означува прекумерна телесна тежина.

Сè што е над 30 е сериозна дебелина која може да го загрози здравјето.

To top