Радио Милева

Почна породувањето: Доаѓа четвртото дете на Ким Кардашијан и Канје Вест

Почна породувањето: Доаѓа четвртото дете на Ким Кардашијан и Канје Вест

Популарната двојка Ким Кардашијан и Канје Вест во секој момент би требало да станат родители по четврти пат, а четвртиот наследник ќе им го подари сурогат мајка. Имено, породувањето наводно почнало, а семејството наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

Оваа вест ја откри Елен Деџенерис на својот Инсатграм објавувајќи видео од емисијата во која гостува Крис Џенер.

Имено, таа ја изненади Крис така што ја донесе нејзината ќерка Кортини и нејзините шест внучиња, а потоа и кажа дека наместо Кортни требало да се појави Ким, но во тоа ја спречиле убавите вести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen (@theellenshow) on


-Породувањето на сурогат мајката започна, и  кажа Кортни на мајка си, а потоа се запрашаа што ли бараат во студиото и зошто не тргнале кон породилиштето.

Ким и Канје имаат три деца, Норт, Сеинт и Чикако, а сега и четврто дете кое само што не пристигнало.

To top