По долго и тешко боледување, сопругата на Бора Дрљача, Радмила почина сношти во Белград.
Бора не криел колку му е тешко и низ солзи открил дека се било изненадувачко.
„Таа долго време беше болна, но последните два месеци беше многу лошо, а пред два дена и се слоши“ изјави пејачот и додаде:
„Многу ми е тешко, нема да можам ова да го издржам. Таа е моја голема љубов, не знам како ќе живеам без неа“ изјави пејачот за „Прес онлајн“.
За потсетување, Рада е втора сопруга на Бора Дрљача, а неговата прва сопруга изврши самоубиство во 2008 година.