Мегафон шок

Почина Лиса Мари, ќерката на Елвис Присли – веста ја потврди нејзината неутешна мајка

Почина Лиса Мари, ќерката на Елвис Присли – веста ја потврди нејзината неутешна мајка

Единствената ќерката на Елвис и Присила Присли, Лиса Мари Присли почина на 54 годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Лиса била прогласена за мртва во болница во Лос Анџелес каде била однесена по срцев застој кој го имала во четвртокот наутро во својот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)

-Во тешко срце морам да ја споделам со вас поразувачката вест дека не’ напушти мојата прекрасна ќерка Лиса Мари. Беше најстраствената силна жена полна со љубов. Ве молам за приватност додека се обидуваме да се соочиме со оваа голема загуба. Ви благодариме на љубовта и молитвите, стои во соопштението на нејзината мајка, 77 годишната Присила Присли.

Како што пренесуваат медиумите, изворите навеле дека Лиза во спалната соба ја пронашла куќната помошничка во бессознание и дека нејзиниот поранешен сопруг со кој живее, вршел вештачко дишење до доаѓањето на Брзата помош.

Изворот додаде дека „барем еднаш некој администрирал епинефрин, попознат како адреналин, на местото на настанот за да и помогне на Лиза Мари да си го врати пулсот“.

Лиза Мари последен пат беше видена на Златните глобуси во вторникот вечерта, каде што таа и нејзината мајка Присила го гледаа Остин Батлер како победи за неговиот портрет на Елвис Присли во истоимениот филм за кралот на рокенролот и нејзиниот татко.

Таа се бореше и со загубата на нејзиниот син Беџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година,а таа своевремено беше зависник од дрога. Нејзината ќерка е актерката Рајли Киу.

фото:Инстаграм принтскрин/ Јутјуб/lisampresley

To top