Мегафон
тажна вест

Почина Горан Станковиќ – македонскиот пејач кој „растури“ во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Почина Горан Станковиќ – македонскиот пејач кој „растури“ во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Македонската јавност, особено онаа естрадната ја потресе уште една тажна вест. Почина познатиот кафеански пејач и забавувач Горан Станковиќ (50).  Скопската јавност,особено оние кои биле чест дел од ноќниот живот  многу добро го познаваат како еден од првите пејачи кој ги забавуваше гостите по скопските локали на таканаречените ноќни свирки.

Најчесто во еден од култните ноќни клубови во 90-ите, сега позната скопска кафеана „Рулет“ каде Горан беше не заобиколен дел од оние кои  со години ја правеа забавата до раните утрински часови.

Во деведесеттите беше член на „Реквиум бенд“ и иако можеби никогаш не направи голема естрадна кариера, а ја заслужуваше многу повеќе од некои познати естрадни уметници, располагаше со моќен вокал кој никого не оставаше рамнодушен, кога беспрекорно, верно на оригиналот ги пееше најпознатите регионални поп и голк хитови… Од, „Бијело Дугнме“,  Здравко Чолиќ, преку Шабан Шаулиќ, до Харис Џиновиќ… немаше нешто што Горан не умееш да го отпее.

Конечно, учеството во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ му ја донесе задоцнетата потврда на неговите квалитети и популарноста која Горан ја заслужуваше уште многу отпорано.

Многу негови пријатели, помалку или повеќе познати скопски фаци, урбани градски ликови, сопственици на угостителски локали, негови пријатели се простуваат од пејачот и неговото прерано заминување.

Освен музиката, Станковиќ беше поранешен ракометар и ракометен работник. Долги години беше дел од раководството на ракометниот клуб, Јуниор Кисела Вода.
Неговиот глас беше најмногу препознатлив од натпреварите на Металург во Автокоманда и „Борис Трајковски“, каде што беше најавувач на средбите.

Почивај во мир и пеј им на ангелите, пејачиште! Сочувство до семејството.